Трамп покрена своја социјална мрежа
Апликацијата Трут соушл (Truth Social) стана достапна за преземање кратко по полноќ по американско време и автоматски се инсталираше на Епл уредите на корисници кои претходно се регистрирале. Интерфејсот на апликацијата, која на мобилните уреди се појавува под името МАГА Хаб, е копија на Инстаграм, па на неа може да се споделуваат приказни и класични објави.
На новите корисници така при влез на апликацијата, која на мобилните се појавува под името МАГА Хаб, по слоганот на Трамп „Да ја направиме Америка повторно голема“ (Make America Great Again), се појавуваат објави против носењето заштитни маски, оние за актуелниот претседател Џо Бајден како „комунистички педофил“ или оние кои го слават бразилскиот лидер Жаир Болсонаро.
„Сакаа да нè закопаат, но не знаеја дека сме семе“, напишала една корисничка на новата социјална мрежа, на која има и неполитички објави, како слики од кучиња. На него засега не може да се најде официјалниот профил на самиот поранешен претседател.
На Трамп му беше забранет пристапот на Твитер, Фејсбук и Јутјуб откако неговите поддржувачи упаднаа во Капитол на 6 јануари 2021 година и обвиненијата дека тој ги поттикнал на тоа.
Трамповата компанија која управува со апликацијата ја предводи поранешниот републикански пратеник Девин Нунес, а станува збор за компанија која се позиционира како последен поборник за слободата на говорот и сака да привлече корисници кои мислат дека нивниот глас е блокиран на постоечките социјални мрежи.
Компанијата планира да излезе на њујоршката берза, а веќе собрала повеќе од милијарда долари од приватни инвеститори.