Продолжува скандалот со подморниците. Франција: Ни забивте нож во грб
„Тоа беше намерна измама“, им рече Тебо на новинарите во Канбера. „И бидејќи влогот беше многу поголем од купувањето на подморниците и бидејќи договорот беше склучен со пренос на доверливи информации, може да кажеме дека ни беше забиен нож во грб“, додаде тој.
Австралија го откажа договорот со француската компанија Навал Груп во септември, откако склучи договор со САД и Велика Британија за изградба на најмалку 12 нуклеарни подморници. Новиот сојуз, наречен АУКУС, треба да ѝ овозможи на Австралија за прв пат во историјата пристап до подморници со нуклеарен погон.
Таа одлука предизвика голем билатерален спор, а Франција во знак на протест ги отповика своите амбасадори од Австралија и САД. Тебо се врати во Канбера минатиот месец и првпат јавно проговори за билатералните односи во средата.
Францускиот претседател Емануел Макрон во неделата изјави дека австралискиот премиер Скот Морисон го лажел за намерите на Канбера.
Морисон го отфрли тоа тврдење.