Почнаа преговорите во Турција, Ердоган доби аплауз
Ердоган рече дека е тажен што конфликтот влегува во својата петта недела. Турција, членка на НАТО, има добри односи со двете земји и сака да биде посредник во преговорите. Ердоган претходно се спротивстави на санкциите наметнати на Русија, но исто така повика на итен прекин на огнот.
Ердоган рече дека очекува солиден исход од разговорите, истакнувајќи дека мирот нема да има губитници. „Вие ги поставувате темелите на мирот со директивите на вашите лидери. Непосреден прекин на огнот и мир би биле од корист за сите“, рече турскиот претседател, кој доби аплауз по неговиот говор.
Украинската телевизија јавува дека мировните преговори во Истанбул почнале со ладно добредојде, без ракување, иако не е јасно дали новинарите биле сведоци или само биле информирани дека е така.
Михајло Подољак, политички советник на претседателот Володимир Зеленски, на Твитер напиша дека делегациите разговараат за основните одредби од преговарачкиот процес и дека паралелно работат на целиот спектар контроверзни прашања.
Сопственикот на Челзи, Роман Абрамович денеска е виден како присуствува на мировните преговори меѓу Украина и Русија. Кремљ претходно соопшти дека Абрамович имал улога во мировните преговори, но процесот сега е само во рацете на преговарачките тимови на двете страни.