МКД.мк

Осуден поранешниот премиер на Хрватска Иво Санадер

Врховниот суд на Хрватска ја потврди денес пресудата на некогашниот премиер и лидер на ХДЗ Иво Санадер на шест години за примање и давање мито на највисоко ниво.

Врховниот суд ја потврди пресудата и на поранешниот шеф на управата на МОЛ Золтан Хернади на две години затвор.

Во соопштението на хрватскиот Врховен суд се наведува дека се одбиени жалбите и е потврдена првостепената пресуда на општинскиот суд во Загреб.

Со тоа стана правосилна пресудата со која Санадер е прогласен за виновен за извршено дело примање мито, а Хернади за извршено кривично дело давање мито.

На Санадер во казната му е пресметано времето минато во притвор во овој предмет, а на Хернади му е судено во отсуство.


Извор: https://www.mkd.mk/svet/vesti/osuden-poraneshniot-premier-na-hrvatska-ivo-sanader?page=1