Косово: исламисти му удирале шлаканици и плукале споменик на Скендербег (ВИДЕО)
Радикални исламисти му удирале шлаканици на споменикот на Скендербег во Качаник. Инцидентот се совпаѓа со најавата за враќање на џихадисти од фронтовите во Сирија и Ирак, пренесува РТС.
Локални извори во Качаник тврдат дека авторите на ова видео, кое на Јутјуб е поставено со знакот на Исламска држава на Ирак и Сирија, се активисти на локалната исламска организација предводена од Лавдрим Музафери, кој неодамна беше уапсен за тероризам.
Полицијата, по објавувањето на снимката, ги уапсила Арбен Бериша и Ветон Вербанија.
Качаник во серијата извештаи од косовските и западните разузнавачи е означен како клучно место за регрутирање радикални исламисти за војните во Ирак и Сирија, но и како нивна база кога ќе се вратат на Косово.
Косовските медиуми во последниве неколку недели предупредуваа дека ветераните од војните во Ирак и Сирија подготвуваат напади на територијата на Косово и Албанија, а потоа беа уапсени три лица.