Грција ја продолжи блокадата, досега се заразени повеќе од 100.000 луѓе
„Дојде до стабилизација, поточно до пад во бројот на нови случаи, но со побавно темпо од очекуваното“, рече Стелиос Пецас, владин портпарол.
Ова е втора блокада во Грција, во која досега се евидентирани 109.655 случаи на инфекција со коронавирус и 2.186 смртни случаи.
Рестрикциите првично биле предвидени да траат до 30 ноември. Пецас рече дека продавниците што продаваат божиќни подароци ќе бидат отворени следниот месец.