Вардар потврди: Одложен е натпреварот против ПСЖ
Актуелниот шампион на Македонија и Европа попладнево во последен миг мораше да го одложи летот и наместо да тргне за Париз остана во Скопје. Во таборот на „црвено-црните“ има два позитивни случаи на ковид-19, па побарано е одложување на дуелот со ПСЖ.
ЕХФ одговорила позитивно и сега се бара нов термин. Оваа сезона веќе беа одложени два натпревари на Вардар во Лигата на шампиони, поради коронавирус не се играа мечевите со Елверум и ПИК Сегед.