Капитенот Лазаров му даде поддршка на Мукаетов: Под негово водство го издигнавме нашиот спорт
Иако нема дилеми дека Живко Мукаетов ќе добие нов мандат откако сите клубови му ја дадоа поддршката, сепак и Кире Лазаров упати убави зборови за претседателот на РФМ.
„Сакам да изразам безрезервна поддршка и одобрување за одлуката на господинот Живко Мукаетов да се кандидира за нов четиригодишен мандат на чело на Ракометната федерација на Македонија. Под негово водство се изградивме како сериозна федерација, уште повеќе го издигнавме нашиот национален спорт и верувам дека тој процес ќе продолжи“, рече Лазаров.
Редовното изборно собрание на РФМ е закажано за в недела 31 јануари.