Црна Гора направи сензација, ја победи Словенија и се пласираше во следната рунда!
Откако ја победи Македонија, Црна Гора денеска ја совлада и Словенија и се пласира во следната рунда на Европското првенство.
Небојша Симиќ немаше многу одбрани, фати само шест, но кога беше најпотребно тој се вивна и ја донесе победата. Одбрани три седмерци во низа во последните пет минути од кои два беа во последните 120 секунди.
Словенија водеше во најголем дел од мечот, но финишот им припадна на Црногорците кои на крајот славеа со 33:32.
Бранко Вујовиќ даде девет гола, Грбовиќ додаде седум, а Милош Вујовиќ погоди петпати. Доленец и Кодрин со по шест гола беша најефикасни кај Словенија.
Црна Гора заедно со Данска одат во втората фаза од Европското првенство, а Словенија и Македонија го завршуваат натпреварувањето.