Откриена понудата на Реал за да го купи Мбапе во јануари
„Кралевите“ минатото лето, во последните денови од преодниот рок, тргнаа во офанзива по потписот на Килијан Мбапе, доставија три понуди, последната вредна 200 милиони евра, но ПСЖ не сакаше да слушне за продажба.
Со оглед на тоа дека Французинот ја одработува последната година од договорот и одби неколку предлози за продолжување на соработката, се очекува тој да ја продолжи кариерата на Сантијаго Бернабеу и како слободен играч да се пресели во Мадрид.
Но Реал не сака да чека до јули, сака да го купи Килијан Мбапе уште сега и на маса ставил 50 милиони евра.
„Реал Мадрид сака уште сега да го ангажира Мбапе и понуди 50 милиони евра да го добие уште овој месец, сега се зависи од ПСЖ“ – вели агентот Џовани Бранкини.
„Не знам како ќе се одвиваат работите, но ми се чини дека иницијативата на Флорентино Перез заслужува внимание. Ова е порака за стабилизација на системот, жално е за сите, фудбалер од таков калибар да направи трансфер како слободен играч“.