Навивачите на Манчестер јунајтед фрлаа шишиња по Симеоне (ВИДЕО)
Атлетико Мадрид со 1-0 го победи Манчестер јунајтед на Олд Трафорд и се пласира меѓу најдобрите осум екипи во Лигата на шампионите.
Диего Симеоне секогаш предизвикува внимание на тензичните натпревари, а така беше и овојпат. Тој доби дожд од шишиња и тврди предмети на патот до соблекувалната, но тоа сигурно нема да му ја симне насмевката од лицето која ја има вечерва.