Меси конечно даде гол во Лига 1, ПСЖ го победи Нант (ВИДЕО)
ПСЖ и Нант одиграа интересен меч во кој Меси го даде својот прв гол во Лига 1. Аргентинецот погоди во 87. минута и ги постави конечните 3-1.
ПСЖ имаше фуриозен старт на мечот, Мбапе уште во втората минута донесе водство од 1-0.
Во 65. минута поради старт надвор од шеснаесетникот Кејлор Навас доби црвен картон, домаќините останаа со играч помалку.
Нант го искористи тоа и десет минути подоцна преку Коло Муани го израмни резултатот.
ПСЖ го врати водството во 81. минута кога Апиа си постигна автогол, а шест минути подоцна Меси ги постави конечните 3-1.