Маестрална партија на Батлер, со трипл-дабл го предводеше Мајами до прва победа над Лејкерс во финалето (ВИДЕО)
И покрај тоа што играше без Бем Адебајо и Горан Драгиќ, Мајами успеа да го победи Лејкерс, пред се благодарение на одличното издание на Џими Батлер.
Натпреварот беше изедначен во најголемиот тек, Мајами водеше, но Лејкерс се враќаше. Езерџиите дојдоа и до предност во последниот период, но Мајами имаше одличен финиш и дојде до победа од 115:104.
Џими Батлер постигна 40 поени, имаше 11 скокови и 13 асистенции, беше убедливо најдобар на теренот, Олиник и Хироу постигнаа по 17 поени.
Во составот на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс постигна 25 поени, Ентони Дејвис имаше само 15 поени.