Калулу неочекувано е херојот на Милан, погоди прекрасно и ги однесе „росонерите“ на +5 (ВИДЕО)
Избраниците на Пиоли ги ставија Интер и Наполи под додатен притисок откако вечерва стигнаа до минимална победа над Емполи и отворија пет бода предност на врвот на табелата.
Клучниот момент на мечот се случи во 19. минута, Калулу покажа дека не треба сила туку може и со мозок, начека една топка на врвот од шеснаесетникот и итро пласираше за 1-0.
Гостите се обидоа да му ги замрсат плановите на фаворитот, имаа добри прилики во второто полувреме но Мајк Мењан со одлични интервенции не дозволи да биде совладан.