МКД.мк

Интер ја победи Специја, Рома киксна во Болоња (ВИДЕО)

Интер ја оправда улогата на фаворит и со 2-0 ја победи Специја, Рома со 1-0 загуби на гостувањето кај Болоња. 

Интер ги освои планираните три бода против Специја, нероазурите рутински ја совладаа екипата на Специја.
 
Гаљардини погоди во првото полувреме, Лаутаро Мартинез од пенал реализираше во вториот дел за конечни 2-0.

Низата од три победи по ред за Рома запре во Болоња, Синиша Михајловиќ го надмудри Мурињо.
 
Постојано се играше на половината на Болоња, но сето тоа беше залудно. Сванберг со прецизен шут од далечина во 35. минута донесе победа за домаќините.


Извор: https://www.mkd.mk/sport/fudbal/inter-ja-pobedi-specija-roma-kiksna-vo-bolonja-video