среда, 8 мај 2024
Парламентарни избори 2024

Максим Димитриевски: Голема победа за Македонија и за ЗНАМ

Македонија победи. Им честитам на граѓаните на Македонија, на сите Македонци, Албанци, Турци, Роми, Власи… сите покажаа чувство за државата. Македонија избра претседател, ѝ честитам на Гордана Сиљановска за големата победа и да ја води Македонија во правилна насока. Изјави вечерва Максим Димитриевски, лидерот на движењето на ЗНАМ.

Објавено на

часот

Сподели

„Нашата борба е и ќе биде за граѓаните. Честитка и до ВМРО-ДПМНЕ. Овие избори ќе бидат поука за сите политички субјекти. ЗНАМ под вечерва ја почнува својата борба за достоинствена Македонија. Вечерва испишавме историја заедно со грѓаните. Потврдивме пратеничка група и освоени некаде околу 60 илјади гласови. Ние продолжуваме понатаму, така како што ветувавме за време на кампањата. Нашата иднина почнува вечерва и заедно со граѓаните ќе ја креираме сликата за иднината на Македонија. Благодарност и до скромното, малубројно и добро распоредено членство на ЗНАМ. Ова е голема и историска победа за нас. Повеќе нема да живееме во црно-сив свет со новиот политички субјект на политичката сцена“, изјави Димитриевски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ