ВМРО-ДПМНЕ бара две недели онлајн настава за учениците од четврто до деветто одделение
„Со оглед на одлуката дека учениците од 1 февруари ќе тргнат на училиште со физичко присуство, бараме Владата, Комисијата за заразни болести, а и министерот за образование и наука да ја преиспитаат одлуката. Бројките на заразени со ковид-19 вирусот се високи, а високи се и потребите од болничко лекување. Медиумите соопштија дека ќе треба повторно отворање на ковид центрите (според изјавите на стручњаците), а се објави и дека детските оддели се преполни, а Систина планира отворање на детски ковид центар.
Предлагаме 2 недели онлајн настава на учениците од 4-то до 9-то одделение со активно следење на епидемиолошката ситуација и настава со физичко присуство на учениците од 1 до 3-то одделение со следење на епидемиолошката состојба во Македонија и училиштата. За најмладите ученици предлагаме физичко присуство, за да се избегнат дополнителни мерки, кои се неопходни за чување на децата (ослободување на родител од работни обврски), а кои влијаат на економијата на државата“, пишува во соопштението од партијата.