Како што соопшти денеска МВР, во првиот случај СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ј.С.(63) од Тетово, откако на 6 декември 2023 година на регионалниот пат Тетово – Брвеница, полициски службеници извршиле контрола на патничко возило кое го управувал пријавениот, при што констатирале дека врши јавен превоз на патници без да поседува соодветна лиценца издадена од надлежен орган.
Од страна на СВР Тетово поднесена е кривична пријава и против тетовецот Ј.Р.(43), откако на 19 декември 2023 година на улица Илинденска во Тетово, полициски службеници извршиле контрола во неговото возило при што го затекнале пријавениот како врши јавен превоз на патници без да поседува соодветна лиценца издадена од надлежен орган.
„Кривична пријава за истото дело СВР Тетово поднесло и против Ф.И.(60) од Тетово. На 7 февруари 2024 година на улилца Илинденска во Тетово, полициски службеници извршиле контрола при што го затекнале пријавениот како врши јавен превоз на патници без да поседува соодветна лиценца издадена од надлежен орган“, пишува во соопштението на МВР.