МКД.мк

Герила акција над Скопје - Од авион се гледа корупција!

Се гледа корупција! Ова е пораката која денеска прелета над Скопје закачена за опашката на спортски авион. Оваа герила акција, од засега непознат организатор, доаѓа во време кога во Македонија врие од бројни корупциски скандали и трагедии поврзани со бројните слабости во начинот како функционира државниот систем, во кадровската политика, партократијата со која со децении живееме. Пораката на поединецот, групата, невладината организација е јасна - од авион се гледа корупцијата и претставува своевиден крик за реакција на надлежните правосудни органи. 


Извор: https://www.mkd.mk/makedonija/skopje/gerila-akcija-nad-skopje-od-avion-se-gleda-korupcija