Претпладне магла по котлините и облачно, попладне сончеви периоди
Утринската температура ќе се движи од 2 до 8, а дневната од 13 до 22 Целзиусови степени.
Во Скопје, претпладне облачно и магливо, попладне променливо облачно. Утринската температура ќе се спушти до 7, а дневната ќе достигне до 17 степени. Маврово 13, Охрид 16, Крива Паланка 18, Битола и Берово 17, Кавадарци 19, Дојран 22.
Во четврток времето ќе биде посончево, а во петок и сабота повторно ќе има зголемена облачност со услови за локален дожд во северните и североисточните делови од земјава. Од петок ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено вдолж Повардарието, па дневните температури ќе се намалат за неколку степени.