Патот Кочани - Пониква ќе биде затворен за сообраќај од 11 до 16 часот
На останатите патни правци сообраќајот се одвива непречено по суви коловози, со умерен интензитетот надвор од градските средини. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.