Taравари изјави дека Заев и неговите нуделе куфер пари на пратеници, кабинетот на премиерот демантира
„Нашата пратеничка група е компактна, а имало знаеме дека господинот Заев со пари им се приближува на повеќе пратеници и ова е јавна тајна и тоа сите го знаат, им предлага да им даде одредена сума на пари, за да преминат, но нашите пратеници се одлучни и знаат дека нашата цел е подобро утре за сите, а не да се биде дел од криминалци и корумпирана влада“, рече Таравари и додаде дека на пратеничка од нивната пратеничка група директно тој и негови другари и други луѓе ѝ нуделе пари, но таа одбила, а јавна тајна е дека власта се шета со куфер со пари за поткуп на пратеници.
„Во ваква држава каде се обезбедува потписи од 61 пратеник за три часа, и во меѓувреме се гласа доверба на влада каде недостасува еден пратеник, а цела држава и неговото семејство се загрижени за него, а спокојни се премиерот, министерот за внатрешни работи и ДУИ, спокојни како ништо да не било, како да е нормално еден пратеник еден ден да исчезне и никој да не знае каде е, во ненормална држава вакви работи се стандардни“, вели Таравари.
Тој критикуваше дека граѓаните и јавноста во оваа држава се уште не знаат каде се однесоа милион ипол евра од Боки 13, во Мавровска се градеше објект без дозвола не се знаеше кој е сопственикот, па два месеци не се знаеше кој треба да го урне овој објект, на крај господинот Ахмети отиде и испи кафе таму“, вели Таравари и појасни дека во оваа држава никој не им верува на институциите.
„За оваа груба манипулација, лага и клевета ќе бидат преземени сите правни дејства низ правосудните институции доколку господинот Таравари веднаш јавно не ја повлече изнесената клевета и доколку јавно не се извини“, се вели во владиното соопштение.