МКД.мк

Спасовски во кампања за кандидатот Ковачевски за лидер на СДСМ

Идниот претседател на СДСМ е мојот сограѓанин Димитар Ковачевски, и оттука, од мое Куманово упатувам силна порака – убеден сум дека одговорно и посветено ќе ја води партијата и со новото раководство ќе го осигура континуитетот на успешните политики и ќе продолжи да го гради општеството со социјалдемократски вредности, едно општество за сите наши граѓани, затоа што СДСМ постои за граѓаните и работи пред сè за доброто на општеството. Ова вечерва гна својот фејсбук-профил го напиша Оливер Спасовски, актуелен потпретседател на СДСМ и министер за внатрешни работи.

Ковачевски е кандидат за претседател на СДСМ на партиските избори закажани за 12 декември.

Во повикот до членството да гласа за Ковачевски за нов партиски лидер, Спасовски му порачува на кандидатот „да биде најмалку како што бил Зоран Заев во Куманово“.

Спасовски вечерва во Куманово отворено го повика партиското членство да гласаат за него.

Вчера и Зоран Заев, претседателот на СДСМ кој даде оставка и од премиерската и од партиската функција, јавно му даде поддршка на Ковачевски.

На 12 декември членството на СДСМ на непосредни избори ќе гласа за нов партиски лидер. Покрај Ковачевски, кандидати се и поранешната пратеничка и потпретседателка на СДСМ, Фросина Ременски и актуелниот в.д. директор на ТИРЗ, Јован Деспотовски.

Денеска партиската изборна комисија соопшти дека со жрепка е одреден и редоследот на кандидатите на гласачкото ливче – Ковачевски ќе биде под број 1, Ременски 2 и Деспотовски 3.

 


Извор: https://www.mkd.mk/makedonija/politika/spasovski-vo-kampanja-za-kandidatot-kovachevski-za-lider-na-sdsm