среда, 24 април 2024

На гласање може да се оди и со личен документ со истечен рок

Новина на овие избори, претседателски и парламентарни, е што граѓаните можат да гласаат и доколку имаат личен документ со истечен рок на важност, без оглед дали „неважноста“ е поради истечен рок или по сила на важност.

Објавено на

часот

Сподели

Согласно преодната одредба од измените на Изборниот законик која ќе се применува само за изборите оваа година, избирачите ќе може да гласаат со лична карта или со патна исправа чија што важност истекла во периодот од девет месеци до денот на одржување на изборите.

Оваа одредба од Изборниот законик е составен дел на Упатството на Државната изборна комисија за начинот на утврдување на идентитетот на гласачите.

Истата одредба ќе се применува и на парламентарните избори со тоа што на нив ќе можат да гласаат граѓаните на кои по кој било основ, по сила на закон или по рок на важност им истекле личните документи од 8 август 2023 година до денот на изборите 8 мај.

Собранието на 7 март во рамки на 147. седница по скратена постапка без расправа ги изгласа измените и дополнувањата на Изборниот законик. Како што појаснија предлагачите, целта на овие измени беше да се допрецизира постојната правна рамка и да се доуредат одредбите од постојното законско решение во насока на инклузивен изборен процес за сите учесници на изборите.

Причина за ваквата законска измена беше долготрајната процедура на замената на личните документи со старото уставно име, со цел секој да може да го оствари уставното право на гласање, но не важи и во други ситуации, на пример во повеќето банки каде граѓани со лична карта со истечен рок на важност не можат да ги подигнат своите пари, плати или пензии.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ