Мизрахи додаде дека таа е дел од тие 90% од населението кое што не верува во изјавите на власта во врска со националните интереси и преговорите со Бугарија

„За мене е очекувано да биде оваа Резолуција прифатена од СДСМ, на пример, како би звучело во предизборие на локални избори да кажуваат дека биле против Резолуција која што вели – „Македонскиот јазик и неговите дијалектни разновидности имаат свој просторен и временски континуитет“. Како ќе бидете против ова“, запраша Мизрахи.

Мизрахи посочи дека со предложената Резолуција од страна на ВМРО-ДПМНЕ се оцртуваат црвените линии на она што е Македонија, она што е македонски народ, она што е македонски идентитет и она што е македонски јазик.