сабота, 20 април 2024

Ноќеска во Полог гореа диви депонии

Од Центарот за управување со кризи – ЦУК информираат дека синоќа пожарникарите од Тетово интервенрале во две депонии кои гореле.

Објавено на

часот

Сподели

„Регионалниот ЦУК Тетово, известува дека пожарникарите од ТППЕ Тетово, вчера, во период од 18 до 19.30 часот, со три пожарникари и едно противпожарно возило интервенирале на запалена дива депонија во атар на с.Церово, Општина Желино.

Од 19.50 часот започнал пожар на дива депонија над расторанот Дарданија накај селото Боговиње. Во гаснењето на пожарот интервенирале три пожарникари со едно  возило и еден ренџер од Наионалниот парк Шар Планина. Според последните информции, пожарот бил локализиран“, велат од ЦУК.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ