До 18.00 часот гласале над 78 отсто од членовите на СДСМ
Како што соопштија од партијата, гласањето тече мирно, демократски на сите 194 гласачки места во сите 80 општини.
По затворањето на гласачките места во 19.00 часот и по обработка на податоците, Централната изборна комисија ќе ги соопшти резултатите од вонредните внатрепартиски избори за претседател на СДСМ.
Својот глас денеска го дадоа и тројцата кандидати за наследник на Зоран Заев – Димитар Ковачевски, Фросина Ременски и Јован Деспотовски.