Даштевски: Излезноста до 15 часот изнесува 34,22 отсто, нема нерегуларности
Даштевски информира дека се поднесени вкупно 311 приговори кои се однесуваат на лично избирачко право и дека 298 од приговорите се прифатени, одбиени се 25 приговори, а дека 18 од гласачите кои реагирале ги има во избирачкиот список.
Претседателот на ДИК нагласи дека нема пријави за нерегуларности во избирачките места и дека нема ни проблеми со уредите за земање на отпечаток од прст.
Прес - конференцијата траеше многу кратко и немаше новинарски прашања, а како што забележа и самиот Даштевски, по трите претходно одржани прес-конференции, нема што ново да се соопшти.
Како што претходно беше информирано, во девет избирачки места гласањето ќе биде продолжено за еден час бидејќи утрово таму имало прекин подолг од еден час и тоа во Центар и во Сарај на по три избирачки места, како и на по едно избирачко место во Карпош, Чешиново Облешево и во Зелениково.