МКД.мк

Беса и официјално надвор од Владата, констатирани оставките на министерот за земјоделство и двајца заменици министри

Собранието на почетокот на 54. седница денеска ги констатираше оставките на министерот за земјоделство и на замениците министри за образование и за култура, со што Беса и официјално веќе не е дел од Владата.

Констатирани се оставките на министерот Арјанит Хоџа, заменик-министерот за образование и наука Арафат Шабани и заменик-министерот за култура Седат Сулејмани. Нивните места најверојатно нема да се пополнуваат во наредниот период додека се чека да завршат внатрепартиските избори во СДСМ, по што треба да се формира нова влада во која би учествувала и Алтернатива која во Собранието има 4 пратеници.

Инаку, денешната собраниска седница е прва по неуспешниот обид за изгласување недоверба на Владата, а на дневниот ред, кој сѐ уште не е усвоен, се четириесетина точки, меѓу кои и Предлог-буџетот за 2022 година.

 


Извор: https://www.mkd.mk/makedonija/politika/besa-i-oficijalno-nadvor-od-vladata-konstatirani-ostavkite-na-ministerot-za