МКД.мк

14,9 милиони денари за инфраструктурни проекти во ромските заедници

Владата на вчерашната седница предвиде 14,9 милиони денари за финансирање на повеќе инфраструктурни проекти во ромските заедници во Крива Паланка, Кавадарци, Прилеп, Кочани, Ранковце, Делчево и Шуто Оризари.

На предлог на Министерството за транспорт и врски, Владата донесе одлука за распределба на средства од Буџетот за 2021 година за поддршка на имплементацијата на Декадата и Стратегијата за Ромите.



Извор: https://www.mkd.mk/makedonija/politika/149-milioni-denari-za-infrastrukturni-proekti-vo-romskite-zaednici