Во болниците низ државата има 700 пациенти од ковид-19, од нив 300 се во Скопје
Во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 14 нови пациенти поради компликации од корона вирусот од кои седум во ГОБ 8 Септември, а шест на Инфективната клиника, додека на интерните клиники немало ниту еден прием. Во изминатите 24 часа, исто така, дома се пуштени 19 оздравени пациенти.
Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 16 пациенти, на Клиниката за неврологија 19 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 17 пациенти со симптоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 12 пациенти, на Клиниката за очни болести шест пациенти, а на ОРЛ 16 болни. На Клиниката за гастроентерохепатологија лежат 22 пациенти. Во ГОБ 8 Септември има вкупно 95 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 77 пациенти, додека во Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле има 20 пациенти. Во скопските болници утрово до 8 часот имало 146 слободни места.
Што се однесува до болниците низ Македонија, после Скопје најмногу пациенти има во Куманово, 61. Во болницата во Битола се хоспитализирани 34 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19, а во болницата во Штип 34 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 21 пациент, во Велес 31, во Охрид има хоспитализирано 40 пациенти, во Прилеп 47, во ковид центарот во Гостивар 14, а во Струга 27 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 31 пациент, во Кочани 9, во Кичево 16, Кавадарци 21, во Гевгелија 6 лица, а во Дебар 8 позитивни и суспектни на корона вирусот.