Голем мурал во Маврово пренесува мoќна порака за заштита на планетата Земја
„Симболично” изведбата на муралот, уметникот Пијаниста ја направи токму за Денот на планетата Земја.
Приказната која е инспирација и која се пренесува преку оваа негова креација, ги поврзува сите важни темели врз основа на кои е креирана платформата ХалкЕко како општествено одговорна платформа на Халкбанк АД Скопје, поддржана од Mastercard.
Артистот преку делото пренесува моќна порака за значењето на грижата за нашата планета Земја и заштитата на Планетата од сите негативни влијанија и глобалното затоплување. На креативен начин тој нѐ потсетува на тоа дека секој еден од нас, секоја земја и секое општество мора да даде личен придонес во битката за подобра животна средина.
Дополнително, внимателно одбраната локација за поставување на муралот, Маврово, дава акцент и нѐ потсетува на тоа дека нашето внимание мора да се сврти кон природата, кон шумите, зеленилото, чистиот воздух, водата и обновливите извори на енергија.
И повторно неслучајно, ова дело е направено токму на спортските терени на Ресорт Маврово, за да се истакне уште една од мисиите на ХалкЕко [3] – стимулирање на водење здрав и активен живот кај луѓето. Впрочем, ова е и локацијата каде стартува и ХалкВелоГрин [4] трката на Халкбанк.
„Ова е уште еден наш превземен чекор за поразлично и малку повпечатливо кревање на свеста за екологијата, животната средина и природата, за што сме исклучително благодарни на нашиот драг „Пијаниста”.
Преку нашата ХалкЕко платформа веќе трета година се залагаме за едукација, мотивација, промоција, но и за реализација на еко одговорни практики. Стимулираме физичка активност, поддржуваме и организираме спортски настани, наградуваме позитивни примери... Заедно пошумуваме, ја раззеленуваме нашата земја и ја подобруваме животната средина. Ние на овој пат сме фокусирани да делуваме долго и посветено, преку низа дела меѓу кои и нашиот нов Мурал во Маврово, кои се надеваме дека ќе бидат позитивно прифатени и признаени од јавноста“, вели Маја Наумовска Савеска од Халкбанк АД Скопје.
Муралот за Денот на планетата Земја, кој се изведе изминатиот викенд е најновиот проект во рамки на платформата ХалкЕко. Од 2019 до денес, Халкбанк преку оваа платформа засади над 33.000 садници; изведе неколку гратски, Халк зелени корнери; додели низа подароци на корисниците на апликацијата; реновираше 20 пешачки мостови; организираше и поддржа бројни спорстки настани меѓу кои HalkVeloGreen и HalkEcoSkopjeRun. [5]
Комерцијален текст