Георгиевски: Обезбедивме уште 250 милиони денари помош за земјоделците
„Дополнително, преку интервентниот фонд, ќе се реализира директна поддршка и на одгледувачите на овци, каде поддршката изнесува 400 денари по грло предадено јагне во кланичен капацитет за периодот од јануари до мај 2022 година. За одгледувачите на свињи, интервентната мерка изнесува 1.500 денари по грло за гоеници над 90 килограми, кои се одгледани и предадени во кланичен капацитет за периодот од февруари до април 2022 година“, рече Георгиевски.
Тој оцени дека Владата предводена од премиерот Ковачевски, е силно насочена кон одржувањето на стабилен курс на домашното стопанство и дека институциите се мобилизирани будно да ја следат состојбата и активно да работат на надминување на сите предизвици.
„Интервентниот фонд е уште еден механизам за ублажување на предизвици во земјоделското производство, кој во наредниот период ќе се проширува и дополнува со нови мерки“, нагласи Георгиевски.