Билал Кара е реизбран за претседател на Деловниот совет на Турција - Сeверна Македонија
„Изборот на 147 деловни совети се одржа истовремено на истиот ден, а беа избрани и нови претседатели и членови на Извршните одбори на деловните совети. Успешниот бизнисмен Билал Кара поседува повеќе здравствени инвестиции на Балканот. Претседателот Кара му се заблагодари на Управниот одбор на Деловниот совет за укажаната доверба и поддршка веднаш по изборот“, се вели во соопштението испратено до медиумите од „Санте груп“ (Sante Plus Hospital Group).