Во НОБ вечерва изведба на операта „Лучија од Ламермур“ од Гаетано Доницети
„Лучија од Ламермур“ е трагична опера напишана во два чина. Салваторе Камарано го пишува либретото според новелата на Сер Волтер Скот „Невестата од Ламермур“.
Диригент на оваа психолошки фасцинантна опера е Иван Еминовиќ, режисер и сценограф е Лев Пулиезе од Италија, а костимограф Марија Пупучевска, концерт мајстор Верица Ламбевска.
Во насловната улога ќе настапи Наде Талевска, во улогата на Енрико Ристе Велков, Едгардо - Благој Нацоски, Артуро - Никола Стојчески, Рајмондо - Алесандро Абис (Италија), Ализа - Соња Пендовска Мадевска, Нормано - Дејан Стоев.
Настапуваат хорот и оркестарот на Националната опера и балет.