МКД.мк

Tрадиционален концерт по повод Василица во НОБ

„ВИВА Л’ОПЕРА!“ е наслов на традиционалниот гала оперски концерт по повод празникот Василица што ќе се одржи в среда и четврток, 12 и 13 јануари, со почеток во 20 часот, во Националната опера и балет (НОБ).

Традицијата востановена пред повеќе од 25 години продолжува, оваа година нашата верна публика ќе има можност да ужива во изведбите на едни од највпечатливите арии, дуети и хорски делници од светски познатите оперски дела од композиторите: Моцарт, Белини, Делиб, Пучини, Верди, Џордано, Леонкавало, Калман, Лехар, велат од НОБ.


Извор: https://www.mkd.mk/kultura/muzika/tradicionalen-koncert-po-povod-vasilica-vo-nob