МКД.мк

Концерт на мандолинскиот оркестар „Скопје“

Мандолинскиот оркестар „Скопје“ вечер од 19 часот во Националната опера и балет ќе го одржи традиционалниот годишен концерт, со кој ќе одбележи 20-годишен јубилеј. Концертот ќе се одржи под диригентска палка на Рамадан и Ерхан Шукри.

Во своето 20-годишно опстојување, оркестарот е добитник на многубројни први, специјални и гран-при награди на фестивали и натпревари надвор од државата, претставувајќи достоен амбасадор на македонската музичка култура и уметност, се наведува во соопштението за најавата на концертот. 
 

Извор: https://www.mkd.mk/kultura/muzika/koncert-na-mandolinskiot-orkestar-skopje