МКД.мк

За шверц на дрога уапсени двајца македонски државјани во Италија

Италијанската полиција уапсила двајца македонски државјани за недозволена трговија со наркотични средства, a едниот од нив немал дозвола за престој во оваа земја, пренесува МИА.

Повикувајќи се на италијанската полиција, Топ чанел пренесува дека од запленетите 680 килограми хашиш и марихуана, дури 600 килограми биле откриени во камион натоварен со струготини, со кој управувале македонските државјани. Кај едниот од нив пронашле и пиштол „магнум“ наполнет со куршуми.

Останатите 80 килограми се откриени во автомобил, подготвен за транспорт, во кој биле двајца албански државјани, кои исто така се уапсени.

Се наведува дека четворицата живееле меѓу Алесандрино и Асти, а постојат основи на сомнение дека дрогата е прошверцувана од Албанија.


Извор: https://www.mkd.mk/crna-hronika/za-shverc-na-droga-uapseni-dvajca-makedonski-drzhavjani-vo-italija