Во кафеана во Миравци невакцинирани гости, вработените без маски
Во соопштението на МВР се вели дека полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица извршиле контрола во угостителски објект во село Миравци, гевгелиско и при контролата било констатирано дека во објектот од страна на правното и одговорно лице не биле почитувани донесените владини мерки за заштита од ковид-19.
Утврдено било дека немало задолжителна проверка на влез на гостите од страна на одредено одговорно лице - редар, вработените во угостителскиот објект кои послужувале гости не носеле заштитни маски, немало задолжително поставено дезинфекциски средства, а во објектот биле затекнати и тројца гости кои не поседувале сертификати.
„Известен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава за 'Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија' по член 206 од Кривичниот законик“, се вели во соопштението..