Тело на починат маж извлечено од водите на Вардар
На кеј „Димитар Влахов", полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го извлекле телото од водата и било констатирано дека се работи за З.Ѓ.(74) од Скопје.
Смрт без траги на насилство констатирала екипа од итна медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.