Наместо да седи во изолација стружанец се тепал во обложувалница
Според информацијата, ОВР Струга поднела кривична пијава против С.Р.(43) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница" и „непостапување според здраствени прописи за време на епидемија".
„Лицето на 27 септември годинава и покрај забраната за движење и задолжителна изолација по издадено решение од Државниот здравствен и санитарен инспекторат, се упатил во спортска обложувалница во Струга и со остар предмет физички го нападнал вработениот во објектот“, појасни портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.