Поезија

Театрологот и вонреден професор на Факултетот за драмски уметности во Скопје, Ана Стојаноска, ова лето за „Блесок“ го објави романот „Јас и Лин, отпосле“, а тука ја откриваме нејзината поетска страна.

21 Септември 2016 - 18:46

Поетесата и архитектка Горана Митровиќ ја подготвува својата втора збирка поезија, која ќе го носи насловот „Клупа меѓу светови“, во издание на „Или-или“. Нејзината прва збирка „Индиго есен“ беше објавена во 2014 година за „Блесок“. Иако пишува поезија веќе 22 години, Горана Митровиќ дипломирала на Архитектонскиот факултет при УКИМ, добила повеќе награди за архитектура, а од 2004 работи во своето архитектонско студио „Метрика“. Тука објавуваме една нејзина песна за созревањето.

31 Август 2016 - 15:54

Во најава на 55. издание на Струшките вечери на поезијата, кои од 24 до 29 август ќе се одржат во Струга, објавуваме една песна од годинашната добитничка на „Златен венец на поезијата“, Маргарет Атвуд.

17 Август 2016 - 21:31

Издавачката куќа „Антолог“ ја објави збирката „Сѐ уште сум млада“ од романската поетеса и преведувачка Дениса Дуран. Авторката имаше промотивна турнеја низ Македонија, а за Фестивалот „ДримОН“ подготви перформанс со наслов „Ја тргам земјата со раце“. Препевот на нејзината поезија на македонски јазик го направи Лидија Димковска, а тука принесуваме по три песни од два циклуса во збирката на Дениса Дуран.

03 Август 2016 - 11:21

Општествената реалност, интимната митологија и социјално-лирските мотиви изразени во стихови ги исполнуваат страниците на новата поетска збирка „Чекајќи ја историјата“ на Звонко Танески, во издание на „Антолог“. Авторот Танески, иако веќе долго време живее и работи во Словачка, со своето ново дело покажува дека одлично ги познава состојбите во својата матична држава, но и на човековата душа. Тука направивме избор од неколку негови песни.

08 Јули 2016 - 21:57

Во очекување на новиот роман со наслов „Исчистени души“, што треба да се појави во издание на „Култура“, објавуваме три песни од Милена Лунеска, економистка која материјалното од приватниот бизнис го вложувала во образованието на синовите, а својата продуховена интелектуалност ја надградува со пишаниот збор. За себе вели дека е горда што е обичен човек со човечки квалитети, но и дека е борец за остварување на своите сонови.

13 Јуни 2016 - 11:11

Поетот Јовица Ивановски неодамна ја промовираше својата нова стихозбирка „Морето ми е до колена“, во издание на „Табернакул“, но тоа не е причина да прави пауза во пишувањето. За своите стихови досега ги добиваше епитетите урбан поет, поет на градот, на секојдневното, на својата генерацијата, додека со најновата песна стана и поет на револуцијата. Тука објавуваме и две песни од „Морето ми е до колена“.

04 Јуни 2016 - 12:12

Новиот поетски ракопис „Ние предметите“ на Жарко Кујунџиски содржи четири дела: пролог, два циклуса – „Ние“ и „Предметите“, двата со по 32 песни, и епилог. Станува збор за една хармонично структурирана книга стихови, која плени со својата инвентивност и висок степен на култура на изразот.

17 Мај 2016 - 15:50

Поетско-прозната збирка „Стихораскажувалка“ на Благица Секулоска (1979, Скопје) е нејзина прва авторска книга. Збирката е волшебно испреплетена комбинација од поезија и проза во издание на културната установа „Блесок“. Тука правиме избор од три нејзини песни.

30 Април 2016 - 12:00

Во едицијата „Синтези“ на издавачката куќа „Дијалог“ неодамна излезе стихозбирката „Меѓу два света“ од Диме Ратајкоски. Песните во збирката се сместени во три циклуси: „Сенката на стариот орев“, „Мермерен град“ и „Ѓердан од лузни“. Диме Ратајкоски е роден во Скопје. Работи како новинар и документарист во МТВ, а од 2012 година е главен и одговорен уредник на МТВ1.

17 Април 2016 - 15:42

Белгиската поетеса Руна Светликова ја доби наградата „Мостови на Струга“ за 2016 година. Наградата ја доделуваат Струшките вечери на поезијата и УНЕСКО. Руна Светликова (Белгија, 1982) е поет, писател и графички дизајнер. Поезијата во нејзината дебитанска книга „Оваа мека бела соба“ главно е инспирирана од луѓето, нивните слабости и неврози, убавината во грдотијата, како и смртта на татко ѝ.

02 Април 2016 - 17:10

Канадската поетеса Маргарет Етвуд е добитничка на „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата за 2016 година. Нејзиниот интерес за преобразувачката моќ на имагинацијата, со цел да се преминат строгите граници на дуалистичкиот универзум, водат кон тоа таа во нејзиното творештво често да го поставува прашањето на пишувањето, за улогата на поетот и моќта на поезијата.

23 Март 2016 - 18:10

„Аполитични интелектуалци“ од Ото Рене Кастиљо фрла светло врз општествената удобност и врз тоа како ние мора да се движиме кон општото добро и да станеме подобра верзија на самите себе. „Аполитични интелектуалци“ го покренува прашањето на инерцијата на т.н. лидери во времиња во кои се потребни најкритичка анализа и соодветна акција. Времето на поемата е време кога се потребни социјални промени додека водачите остануваат неактивни, па дури и кога се соочени со својот неизбежен крај. Тоа време е сега.

17 Март 2016 - 22:58

Македонската поетеса, писателка и преведувачка која живее во Словенија, Лидија Димковска, по седум години пауза ја објави поетската книга „Црно на бело“ (Или-Или, Едиција Поеза, Скопје, 2016). Во меѓувреме ги напиша и добиваше награди за романите „Скриена камера“ и „Резервен живот“ (награда за литература на Европската унија и награда „Стале Попов“ на ДПМ). Од „Црно на бело“ ги пренесуваме песните „Summa summarum“, „Мојот гроб“ и „Ехо“.

05 Март 2016 - 12:52

Добрила Грашеска е родена во Прилеп, но одамна живее во Скопје. Завршила Општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, и денес заработува со читање и со пеење, зашто од 2008 година е вокалистка на групата „Чалгија саунд систем“, која ја негува македонската чалгиска музика. Пишува и поезија, но, вели, таа убавина сѐ уште ја нема почувствувано слободата. Добрила познава многу луѓе, но најмногу ги сака насмеаните, поетите и песнариите.

23 Февруари 2016 - 17:15

Недостиг на квалитетен кадар во туризмот и угостителството... До кога?

повеќе

Македонските власти мора да престанат да го ограничуваат правото на движење на секој граѓанин без разлика каква боја на кожа има или на која националност ѝ припаѓа.

повеќе

Општо е познато дека една лага ако ја повторите сто пати, многу е веројатно таа да се прифати како вистина.

повеќе