Оффенсив

„Погледом га сасеко ко маче“, „Свирао је Дејвид Боуви и пао са Марса“, "и са пјесмом умјесто мјаука" се само неколку текстуални багови кои во моментов ни текнуваат, чуени од луѓе во наша близина (нејќете да знаете кои, све угледни фаци). Питер Кеј ќе додаде уште дузина. Проблемот е што кога еднаш ќе слушнеш како некој стих звучи погрешно, секој следен пат го слушаш само така.

26 Мај 2020 - 14:55

Има доста добри обработки на песната на Боуви ама оваа баш прави мерак. Отсвирена е од бендот во берлински Адмиралспаласт во 2016 година, непосредно по смртта на Бпоуви и 40 години откако истата песна е создадена и снимена во непосредна близина на Берлинскиот ѕид. Со истата онаа гитара на Фрип која завива како ветар а трае како гајда.

26 Мај 2020 - 14:22

Поддршката која Џо Бајден ја доби од спикерот Неси Пелоси и убавите зборови кои таа ги упати на адреса на демократскиот коњ во претседателската трка, екипата на Трамп реши да ги дооопише со негови гафови и проблематични ставови расфрлани по медиумите последниве години. Кога за гафови некого решава да ремети некој како Трамп, јасно ви е колку јак избор овојпат имаат Американците.

25 Мај 2020 - 14:19

На богослужба на романската православна црква се појави глич во Матриксот. Свети Нео не го оправа.

22 Мај 2020 - 18:10

Милорад Додик! Послушајте го ова него бескрупулозно пресметување со политичките противници при што апла во фаца им вика дека ги знае што олош се бидејќи ги прислушува. Па ги хушка едни против други. Ни свиркачи, ни анонимни доставувачи кои демек оставиле некаков материјал во двор, ништо од тоа. Директ: „“Нема власт која не ја прислушува опозицијата, жалете се на Транспаренси, на кого сакате!“, ќе го каже Додик она што Никсон не смееше да помисли да го изусти.

22 Мај 2020 - 14:30

Слично на оној наш локалец кој за холокаустот требаше да каже дека е еврејска трагедија па кажа дека е еврејска традиција, овој дечко проба да потсети на мудроста да не се суди за книгата по нејзиниот омот. За по неколку обиди, да заврши со евергрин наравоучение од Хомер Симпсон.

22 Мај 2020 - 12:17

Можете да ја замислите таа запрепрастеност: од џамија во Измир одеднаш одекнува - „Бела чао“!? Турските власти и надлежните за верски прашања ветија дека ќе откријат кој стои зад оваа партизанско-субверзивна дубара. Додека тие откриваат, ние да слушаме. 

21 Мај 2020 - 20:42

Коментар на клип за одгледување пиперки од семе „тоа не е никулец од пиперка, туку е никулец од краставица“. Имавме една госпоѓа која прилично беше напред во науката околу храната и ги растури оние кратките клипови за кујнски фори, сега имаме двајца што се сериозно навлечени на градинарство.

21 Мај 2020 - 15:06

Роб Кенеј е човек кој како дете останува без татко, не заради некој трагичен настан, туку затоа што татко му се откажува од него (и од другите браќа и сестри). Денес Роб е татко на две возрасни деца со кои се уште е во нормален контакт, и сопственик на каналот „Тато како да?“ чија главна цел е да остави практични совети за најосновни работи и вештини низ животот што секој треба да ги знае, без разлика дали татко им им ги кажал или не.

21 Мај 2020 - 14:34

Како и во секоја друга земја, и таму можеш да купи маска сабајле и поручек, со кеш или картичка, една или десет.... Секако и на секој можен начин, само доколку - имаш маска. Без маска не ти даваат да купиш маска. Руска квака 22.

21 Мај 2020 - 14:26

Добро, не целиот Кит Ричардс туку неговата гитара. И не секоја гитара туку онаа во „Gimme Shelter“. А тоа не е некоја од неговите омилени Телекастер, Лес Пол или Епифон туку некоја мистериозна Матон EG240 Суприм за која Ричардс денес памти дека некој во брзање ја оставил кај него, ама има заборавено кој.

20 Мај 2020 - 11:37

Ги симнале постоечките текстови на AC/DC, ги пуштиле стиховите низ тн Маркови вериги  (Википедија, инаку тема која на ПМФ уште пред речиси 30 години се има изучувано во рамки на предметот Конечни Автомати кај проф. д-р Смиле Марковски) и оставиле вештачката интелигенција да ја дижестира нивната филозофија и поглед на свет. Добиле песна за тоа како постојат премногу жени со јајца. 

19 Мај 2020 - 13:14

Прашањето е едноставно: Како се вика човек кој е на власт? Одговорот е уште поедноставен.

19 Мај 2020 - 12:52

Наполнете када, ставете сода бикарбона, боракс и прашок за перење. Киснете ги пешкирите неколку часа, да видите што е кафеаво.

19 Мај 2020 - 09:53

Наместо да ви го раскажуваме спотот на Марко Булат за песната 31-век (гледате до каде тие добацуваат?), ќе ви пренесеме неколку репрезентативни Јутјуб коментари: Угасете го интернетот, империјата победи / Дизни на респиратор / Марко, каблите некаде ти се допираат / Стар Ворс фолк / И Јода би се пропил... И ниеден од коментариве не е претеран.

19 Мај 2020 - 08:45

Се затвораат цркви, но се отвораат кладилници.

повеќе

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе