Оффенсив

Во неможност да им помогне на животните како што сите други помагаат со лајкање и шерување на Фејсбук, или паламудење на Твитер, човеков земал цистерна и секој ден вози по неколку часа во еден правец за да им однесе вода на диви животни што живеат во сушните делови од Кенија. Патрик Килонзо Мвалуа не дека нема работа (земјоделец е) или дека "фатил проект", туку едноставно сфатил дека на животните мора да им се помогне, и тоа го прави.

24 Февруари 2017 - 12:51

Овие „Очајни домаќинки“ не се ни очајни ни домаќинки, ама па тоа не беа ни оние оригиналните. Онаа на хармоника е по везењето, а онаа на бубњеви може да ви закова скеле! Браво, цури!

24 Февруари 2017 - 12:19

Сцените во кои се замислуваш себеси се прилично ретки. Непријателот обично е попаметен од каскадерите што Рамбо ги коси со стрели, рафали, базуки и мачети. И дечките од другата страна ги гледале истите филмови. Поглуп си од нив ако тоа го заборавиш.

24 Февруари 2017 - 08:17

Пред точно 30 години, на 22 февруари 1987 година, КУД Идијоти завршија со снимање на своето прво дискографско издание, шест години после формирањето на бендот.

23 Февруари 2017 - 16:59

За нас дифтарите, тие гардероби се само за ептен кога мора да пробаш нешто и ги доживуваме како клаустрофобични катакомби во кои те фаќа склет и следствено, запотуваш мишка. Ама за женскиот свет тоа се храмови во кои посветено и трпеливо се менуваат мантии а се прават и селфија за да се покажуваат по другарки или инстаграми. Некои фирми добро знаат дека тие гардероби (дизајн, позадина, светло) се клучни за донесување одлука „што ми стои добро“.

23 Февруари 2017 - 14:22

1991 година, почнува српско-хрватскиот воен пичвајз. Ненадејното внимание на американските медиуми кон овој простор го искористува извесна лепенка Сузана Радиќ, претставувајќи им се како Сузана Франкипане Анжу Торкватус фон Радиќ, хрватска принцеза и последна жива фиданка од старата кралска лоза. Да ги видите вие тие аристократски кукурек шишки, тие благороднички чатма веѓи, таа ројалски суптилна шминка. Браво ма Суска! 

23 Февруари 2017 - 13:58

Респектабилен кастинг од филмски сценаристи (Педро Алмодовар, Том Форд...) и веќе во 5 минута се фаќаат за жена му на Трамп. Се разбира, како и пола свет, ја утнаа дека е од - Словакија. А за разбирање е, кој бил во Љубљана и Братислава, знае дека тоа се најдосадните градови во Европа. 

23 Февруари 2017 - 13:11

Tој изгледа толку убеден во тоа што го прави, со радост на лицето дека му служи на некој министер, кој денес е тука, утре не е, ама битно ТОЈ е тој што му го сочувал лифтот, па ете, направил нешто корисно за државата.

23 Февруари 2017 - 11:04

Тереза Кесовија беше вистински крем де ла крем на пејачката сцена во екс Југославија. Една класа дама која секогаш се држеше аристократски и по малку надмено, мислиш бисери сере госпожата. Настапи во париска Олимпија, дружења со европскиот џет сет, живот на висока нога, љубовни драми, козметики, третмани.... А ова, како дошло до ова, питај бога!

23 Февруари 2017 - 10:44

Кога човек е на своето работно место за кое е стручен, обучен, компетентен и во крајна линија - платен, а го гледаш дреме на Фејсбук расправајќи се на некоја пичкесиматер тема. Е тоа изгледа отприлика вака: 

22 Февруари 2017 - 14:39

Како дел од Универзитетската библиотека Св. Климент Охридски, функционира нешто што се вика - Дигитална библиотека на Македонија. Називот е комплетно самообјаснив, одделот работи на дигитализирање на македонските книги и останатите печатени материјали (слики, разгледници, мапи) на тема Македонија. Се што ќе дигитализираат, или во пдф или во јпг, го ставаат кај нив на сајт бесплатно достапно за секого.

22 Февруари 2017 - 12:42

Кога човек е секој втор ден на екран, знае или претерано да се опушти или од замор да зашмелцува. Којзнае од кое од овие „повреди на работното место“ произлезе прашањето на Чомовски: „Дали сме на работ на јазичен фашизам?“ Јазичен фашизам? Ало, студио?

22 Февруари 2017 - 11:40

Во видеото можете да уживате и без посебна најава. За еден друг занимлив детал: родителите на малиов биле пресреќни кога виделе дека некој ја снимал сцената и ја објавил на Јутјуб. Имено, никој од нив не помислил да штрака со мобилниот, да фаќа фотки и видеа и така да пропушти во живо да ужива во моментот. Ок, колку родители овде така би постапиле?

22 Февруари 2017 - 10:13

Идејата е врвниот документарец на Бибиси, да изгледа како врвен филм. Уште една работа, Бибиси снима документарци за природата од 1957 (за споредба Радио-телевизија Скопје почнува со емитување на ТВ сигнал во 1964).

21 Февруари 2017 - 16:09

Изразено ниската вредност на вложување во науката и истражувањата во Македонија е јасен знак за отсуство на грижа на државата за овие суштински дејности. 

повеќе

Последните 11 години Македонија е окована во аграрен, ксенофобичен и социо-економски популизам, кој не се однесува на интересите и потребите на граѓаните, туку на оние кои се повинуваат на волјата на елитата.

повеќе

Политичарите изразуваат „загриженост“ за аерозагадувањето на начин што нѐ оддалечува од наоѓањето решенија, наместо да не доближува.

повеќе