Македонија

Останато од Македонија

Во објавеното рангирање за квалитетот на мрежите во Европа на ниво на држави од страна на порталот www.connect.de во рубриката Топ тема нашата држава е позиционирана на високото второ место co 913 поени веднаш зад Холандија со 914 поени, а е пред Австрија (902) и Швајцарија (899). Најдобро рангирана држава после нас од земјите во регионот е Хрватска (872) на 12 место по која следи Србија (871) на 13 место, објави Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) која има надлежност и да ги контролира и мери параметрите за квалитет на јавните електронски комуникациски услуги.

02 Јуни 2020 - 10:38

Над 130.000 вработени граѓани чии приходи од јануари до април годинава месечно не биле поголеми од 15.000 денари ќе добијат ваучер од 6.000 денари, кој ќе можат да го искористат во домашните туристички објекти, но и платежна картичка од 3.000 денари која ќе може да ја користат во сите угостителски објекти во државата, соопшти денеска СДСМ.

02 Јуни 2020 - 10:25

Хрватска, Бугарија, Грција, Албанија, Словенија, БиХ, Србија и Црна Гора заедно имаат двојно помалку заразени со коронавирусот од Македонија. Ова е капитулација на системот и негрижа за животот и здравјето на сопствените граѓани. Новата нормалност на Зоран Заев и СДСМ се 89 заразени и 7 починати лица во последното деноноќие. Тој биланс од црниот понеделник е резултат на неспособноста на власта на Заев и политичкиот диктат што го прави на здравствените власти, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

02 Јуни 2020 - 10:20

Сојузот на синдикати на Македонија апелира до надлежните институции при носењето на евентуална одлука за затворање на текстилните компании во Штип да им бидат платени на работниците деновите кога нема да одат на работа.

02 Јуни 2020 - 10:06

Министерството за здравство апелира до граѓаните да ги почитуваат во целост мерките и препораките за заштита од коронавирусот, како и да даваат вистинити и точни информации на надлежните институции, а Министерството за внатрешни работи поинтензивно да врши контроли на терен.

02 Јуни 2020 - 09:55

Министерството за труд и социјална политика информира дека во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита за месец мај, 2020 година.

02 Јуни 2020 - 09:27

Денеска и в четврток ќе се организира приемен испит за учениците кои се заинтересирани да се запишат во новото училиште – Математичко-информатичка гимназија, со писмено проверување на нивното знаење по предметите математика (2 јуни) и физика (4 јуни).

02 Јуни 2020 - 09:17

Третина од 89-те новозаболени од ковид -19 кои беа евидентирани вчера се на возраст меѓу 30 и 39 години. Повеќето од нив се жени, покажуваат податоците на Институтот за јавно здравје.

02 Јуни 2020 - 08:57

Бројот на заразени со ковид-19 вчера значително се зголеми. Регистрирани беа 89 нови случаи заразени со коронавирус од кои најголемиот дел се од Скопје-35. Висока бројка на заразени вчера имаше и во Штип, каде беа регистрирани 27 нови случаи, во Куманово 12, во Прилеп еден, во Тетово седум, во Гостивар, Струмица и Свети Николе по еден и во Кочани четири случаи.

02 Јуни 2020 - 08:33

Граѓаните кои ќе користат јавен превоз мора да носат заштитни маски, а автобусите задолжително редовно да се дезинфицираат.

02 Јуни 2020 - 08:24

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе