Вo Нормандија оддадена почит на македонски борци, и годинава без претставници од македонската амбасада

Во гратчето Коломбел, Нормандија денеска традиционално се оддаде на почит на паднатите Македонци под француско знаме загинати во виорот на Првата светска војна.

 

„Една од алките на француско-македонското пријателство се токму овие млади Македонци кои биле мобилизирани во француската војска и загинале под француско знаме во текот на Првата светска војна“, изјави градоначалникот на Коломбел Марк Потје кој заедно со другите етнички заедници во Паркот на мирот во Коломбел положи венец пред споменикот на паднатите жртви.

Македонската заедница оваа година беше претставена од Смиле Петровски кој положи венец од име на здруженијата „Илинден 1903“ и „Заборавени Македонци“.

Петровски ја истакна важноста на спомен-обележјето во Паркот на мирот во Коломбел каде се овековечени, изгравирани имињата на 33 Македонци кои загинале на страната на француската армија во Првата светска војна и овој споменик е единствен во Европа кој им оддава почит на Македонците учесници во таа војна.

На 11 ноември Франција на државно ниво го одбележува денот кога беше означено примирјето и победата на сојузниците над Германија во Првата светска војна.

Примирјето кое стапи во сила во Париз и овој историски датум е познат под називот „во 11 часот, на 11-от ден од 11-от месец“ во 1918 година, ден на капитулацијата на Германија во Првата светска војна.

Иницијативата за подигнување на спомен-обележје во Нормандија беше покрената во 2017 година во пресрет на одбележувањето на 100 години од крајот на Првата светска војна и учество зедоа општината Коломбел од Франција, општината Штајнхајм ам Албух од Германија, општините од кантонот Карнака од Република Нигер и општина Новаци од Македонија.

Спомен-обележјето со имињата на загинатите војници во виорот на Првата светска војна се наоѓа во Паркот на мирот во Коломбел во Нормандија и испишан е на француски, германски и на македонски јазик, официјалните јазици на земјите учеснички во проектот. Проектот почива врз европските принципи и вредности и не ја велича само победничката страна (Франција) туку оддава почит кон сите жртви кои неволно биле инволвирани во воениот конфликт и затоа тука е вклучена и Германија како страна која ја изгубила војната.

Од македонската амбасада, како и претходните години, и денеска немаше претставник на оваа манифестација.

 Георги Гоце Дуртаноски

 

Трагично е што воопшто треба да се бориме за зачувување на институција која отсекогаш била стожер на културниот живот во Македонија.

повеќе

Македонија нема рециклирачки капацитет за пластичната амбалажа, а со увозот на ѓубре како гориво во индустријата, станува и неофицијална депонија на ЕУ.

повеќе

Влијанието на корупцијата врз економијата е значајно. Корупцијата може да доведе до неефикасност и погрешна распределба на ресурсите, да ги обесхрабри странските инвестиции и да ја поткопа конкурентноста на фирмите.

повеќе