Жан Митрев под истрага за хемофилтрацијата, Обвинителството бара да му се одземе пасошот

По утврдување на определени околности во текот на предистражната постапка, Основното јавно обвинителство Скопје денеска донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Измама од член 247 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Се работи за случајот со Жан Митрев кој денес беше на распит пред обвинител. Отворањето на истрагата практично значи дека постои сомнеж за сторено кривично дело. 

Осомничениот, како што соопшти Јавното обвинителство, во периодот од април 2020 година до 2022 година, со намера за правно лице – приватна здравствена установа да прибави противправна имотна корист, со лажно прикажување факти, ги довел во заблуда пациентите лекувани од ковид-19 со методот на хемофилтрација.

Надлежниот јавен обвинител, имајќи ги предвид околностите, до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка за обезбедување на осомничениот – одземање на патна и друга исправа за преминување на државната граница, како и забрана за издавање нова.

Ваквата мерка е предложена заради неопходноста да се обезбеди присуството на осомничениот и за непречено водење на постапката, информираат од Јавното обвинителство.

Во Основното јавно обвинителство Скопје денеска на распит беше повикан доктор Жан Митрев. Обвинителството на 18 јули годинава, по допрен глас оформи предмет, откако ИРЛ објави истражување за работата на клиничката болница „Жан Митрев" и доктор Жан Митрев.

Во истражувањето, според податоци на ИРЛ, хемофилтрацијата која се користеше за тешко болни пацинети од ковид-19 била експеримент, а сомнежите се дека пациенти умирале и од болнички бактерии кои никаде потоа болницата не ги пријавила.

 

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе