За злоупотреба на службената положба и за помагање

Зекири во притвор, Хрватите недостапни: Интерпол ги бара за истрагата во Македонија

По Интерпол се бараат двајцата хрватски државјани кои Основното јавно обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција ги сомничи за помагање во злоупотреба на службената положба. ОЈО ГОК води истрага против нив и против поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири кој, со одлука на судот остана во притвор во Истражниот затвор во Шутка. Двајцата хрватски државјани се недостапни на органите на прогонот, се бараат со меѓународна потерница и за нив има известување до сите гранични премини. Ако бидат фатени, ќе бидат спроведени во притвор во Истражниот затвор во Шутка. 

На 8 април 2022 година, предметен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против двајца хрватски државјани и еден државјанин на РСМ. Зеќири се сомничи дека во периодот од април 2021 година до јануари 2022 година, со искористување на службената положба, без спроведување на соодветна постапка за јавна набавка, склучил договор за консултантски услуги со правно лице во што со умисла му помогнале осомничените хрватски државјани.

„За сите осомничени беше определена мерка притвор, која во меѓувреме е продолжена за едниот осомничен, додека за другите двајца е во сила и ќе се спроведе од денот на нивното пронаоѓање. Со оглед дека се недостапни на органите на прогонот за двајцата веднаш беше распишана национална и меѓународна потерница по која постапува Интерпол во чија надлежност е ова постапување. Без оглед што се работи за странски државјани, предметот е за еден кривично правен настан и јавниот обвинител непречено спроведува процесни дејствија неопходни за постапката. Предметото е во истражна постапка (истрага) во која обвинителот ги презема сите неопходни дејствија за расчистување на случајот“, ни одговорија од Обвинителството. 

Располагањето со докази и определувањето на мерката притвор се две меѓусебно независни постапки. Доказите се потребни за да Обвинителството започне истражна постапка и понатаму да прибира доказен материјал врз основа на кој предметниот обвинител ќе донесе мериторна јавно обвинителска одлука за понатамошниот тек на постапката, односно доколку има доволно докази што упатуваат на кривично дело ќе поднесе обвинение.

„Што се однесува до основите за определување на мерката притвор, јавниот обвинител смета дека  уште постојат околностите врз основа на кои истиот беше првично определен, па во таа насока побара продолжување на оваа мерка. Во овој случај, предлогот е поднесен како резултат на постоење на основите предвидени во чл.165 став 1 точка 1, 2 и 3 од Законот за кривична постапка, односно опасност од бегство, попречување на истрагата со сокривање или уништување на трагите на кривичните дела и можност од повторување на делото“, додаваат од Обвинителството.

Според опишаните дејствија во наредбата, постои основано сомнение дека првоосомничениот, висок функционер во Владата во својство на службено лице сторил кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.5 в.в. ст.3 в.в. ст.1 од КЗ на РМ, за што му помогнале останатите двајца осомничени. 

Во периодот од месец април 2021 година до месец јануари 2022 година, со искористување на својата службена положба првоосомничениот без спроведување на соодветна постапка за јавна набавка, склучил договор за консултантски услуги со правно лице во што со умисла му помогнале осомничените хрватски државјани.

Со преземените дејствија осомничените за правното лице прибавиле значителна противправна имотна корист во вкупна вредност од 57.932.100,00 денари, а на штета на Буџетот на Р.Северна Македонија. Износ што бил поголем од 795.000 евра, односно од договорениот износ за вршење на консултантските услуги.

 

На 6 октомври 1946 година почна носењето на моштите на Гоце Делчев од Софија во Скопје, столицата на слободна Македонија.

повеќе

Постои нужна потреба од прилагодување на студиските програми, соодветните силабуси и наставниот курикулум на реалната потреба на пазарот на труд во државата.

повеќе

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе