Апелациски суд

Зекири: Немам никаква причина да бегам, сите документи пред една година им ги дадов на истражителите

Мухамед Зекири, поранешниот генерален секретар во Владата денеска од апелациските судии побара да биде пуштен на слобода. На јавната седница на Апелацискиот суд Зекири убедуваше дека нема да избега од државата во случај да му биде укината мерката притвор. Апелацискиот суд во понеделник ќе одлучи дали Зекири да излезе или и понатаму ќе остане во притворот во Шутка.

Зекири е во притвор веќе околу два месеца под сомневање за злоупотреба на функцијата при јавна набавка без тендер од околу еден милион евра.

Адвокатот на Зекири побара да му биде укинат притворот и да се брани од слобода во случајот со наводната преплатеност за физибилити студијата за приватизација на АД Македонски пошти.

Пријатели на Зеќири заложиле имот како гаранција дека тој нема да избега

„Сакам да напоменам дека бев во тек со предистражната постапка поради функцијата која ја вршев. Јас потпишав да се дадат сите документи кои ги побарале од мене, тоа беше експедитивно процесуирано. Да сум сакал да бегам, сум имал простор повеќе од една година бидејќи знаев дека се води постапка. Кога беше првиот пат предложена мерката притвор, поднесов оставка, за да не ја попречувам истрагата која се води против мене. Не размислувам ниту имам зошто да бегам. Фамилијарен човек сум, се грижам за четири деца, имам две од првиот брак и имам двегодишна ќерка и посинокот на мојата сопруга кој е малолетен. Сакам во фер постапка да докажам дека сум невин“, кажа Зекири пред судот.

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе