Билјана Бришковска-Бошкоски, поранешна заменик министерка за правда доби условна осуда од 2 години затвор кои ќе ги одлежи доколку во 5 години не стори ново кривично дело.
Катерина Веловска, е осудена доби условна осуда од 2 години затвор кои ќе ги одлежи доколку во 5 години не стори ново кривично дело.
Мунир Пепиќ, поранешен вработен во Агенција за разузнавање е осуден на 1 година затвор.
Кирил Тодоровски, поранешен шеф на кабинет во МВР и поранешен вработен во Разузнавање е осуден со условна осуда од 2 години затвор кои ќе ги одлежи доколку во 5 години не стори ново кривично дело.
Коста Митроски, поранешен претседател на изборна комисија во Центар е осуден на 3 години затвор.
Случајот „Титаник" го води судијата Осман Шабани, додека, обвинението го застапува обвинителката Лиле Стефанова.